Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Неодобрени 48.000 пасоши на ниво на држава, а 44.000 неодобрени пасоши само во Скопје

Eb499a6b 3bc7 4cf9 ba47 6cb6cec6ae77 scaled.jpg

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за Сител беше запрашан за конкретни бројки колку граѓани се фотографирани, а не ги подигнале личните документи. „Околу 48.000 пасоши на ниво на државата не се одобрени, луѓето се сликале, а не се ставени на печатење, со тоа го пробиваме законскиот рок. На ниво на лични карти, бројката е 33.000 на ниво на државата, а на ниво на Скопје – 44.000 пасоши и 30.000 лични карти. Со ова се потврдува уште еднаш тезата дека внатрешноста е скоро завршена, граѓаните ги имаат заменето своите лични документи, остана само Град Скопје”, информираше Бојмацалиев. Притоа, тој оддаде признание на вработените во управните служби и уште еднаш потенцираше дека нема никаква саботажа во процесот на промена на личните документи на граѓаните. „Морам да признаам дека колегите внатре работат макотрпно, но мора да се внимава целиот процес да функционира нормално. Нема друг проблем, само треба подобро менаџирање, кое порано го имаше”, рече Бојмацалиев.

Можете да прочитате

Оперативната акција „Чистач“: 5.628 лишени од слобода, 1.135 кривични пријави и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал

Опожарени столбови за пренос на електрична енергија предизвикаа застој во водоснабдувањето на Босилово и прекин во снабдувањето со струја

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците