Утрински Весник
Македонија

Бојаровски: Законот за употреба на македонски јазик ќе придонесе за отворање на нови работни места и поголем интерес за изучување на македонскиот јазик

Zoran Bojarovski 1.jpg

Законот за употреба на македонскиот јазик налага државните институции, медиумите и сите оние кои на каков било начин комуницираат со македонскиот јазик, да мора да имаат обезбедено лекторирање на тие текстови, посочи во интервју за Слободен печат главниот и одговорен уредник на порталот Рацин.мк Зоран Бојаровски.

„Сите тие комуникации ќе мора да имаат обезбедено лекторирање на македонскиот јазик, а онаму каде што ќе се покаже дека е неопходно, ќе треба да биде вработен и лектор по македонски јазик. И сето тоа придонесува да се зголеми интересот за студирање и изучување на македонскиот јазик и привлекување на младите да го студираат бидејќи сега ќе бидат потребни не само професори по македонски јазик, туку лектори. На крајот, и тие што сега студираат се покажуваат како недоволен број да ги заменат постоечките и оние што заминуваат во пензија и едноставно тој број на прфесионалци кои се стручни во македонскиот јазик ќе бидат вработени, затоа што ќе се отворат нови работни места а во јавната комуникација ќе се подобри квалитетот на македонскиот јазик“ истакна Бојаровски.

Бојаровски додаде дека Законот за употреба на македонскиот јазик предвидува поддршка на веќе псотоечките лекторати за изучување на македонски јазик но и отворање на нови лекторати во државите низ Европа и светот.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница