Утрински Весник
Балкан

Блокади на Евзони и низ Грција

Evzoni.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грчките земјоделци и денеска продолжуваат со протестните блокади на граничниот премин Евзони, на границата со земјава, при што сообраќајот за сите возила е целосно во прекин во два термина во текот на денот. Забраната за влез и излез од Грција важи од 11 до 15 часот по македонско време и од 17 до 21 часот, информира дописничката на МИА од Атина.

По четиридневна пауза за божиќните празници, земјоделците низ цела Грција повторно ги активираа протестите во саботата. Дел од нив, кои од 1 декември со трактори се стационирани на Евзони, веќе трет ден спроведуваат по две четиричасовни блокади дневно за патнички и товарни возила. Од Авто-мото сојузот на Македонија соопштија дека граничниот премин Ники (Меџитлија) ќе биде затворен за товарен сообраќај од 10 до 16 часот.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, ограничувањата за камионите може да траат и до 12 часа, а не се исклучува можноста навечер привремено да биде запрен и сообраќајот за патнички возила. Протестите денеска се интензивираат низ цела Грција. Во попладневните часови, три часа ќе бидат блокирани и споредните патни правци меѓу Атина и Солун, што практично ќе ја подели земјата на два дела. Покрај веќе затворениот главен автопат, блокиран е и автопатот Јониа, кој ги поврзува Антирио и Јанина. Според најавите, за новогодишните празници, од утре до петок, блокадите повторно ќе бидат привремено тргнати за да се олесни движењето на граѓаните, иако тракторите ќе останат паркирани во една од коловозните ленти.

Протестите на грчките земјоделци започнаа на 30 ноември поради зголемените производствени трошоци, ниските откупни цени и скандалот поврзан со европските земјоделски субвенции, при што нивното главно барање е исплата на заостанатите средства.

Можете да прочитате

Граѓаните на Србија ја сметаат владата за најодговорна за бавниот процес на европска интеграција

Чациленд полека станува „новогодишно село“: Елки и украси наместо шатори

Седум турски полицајци ранети во престрелка со ИСИС