Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Блинкен стравува дека „Вагнер“ и Москва ја користат нестабилната ситуација во Нигер

Блинкен стравува дека „Вагнер“ и Москва ја користат нестабилната ситуација во Нигер
300x250 opst2

Руската паравоена група „Вагнер“ ја користи нестабилната ситуација во Нигер, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

dobivaj vesti na viber

Со оваа африканска земја владее воена хунта, по државниот удар со кој беше соборен претседателот Мохамед Базум пред околу две недели.

Некои извори тврдат дека водачите на хунтата побарале помош од Вагнер, чии војници веќе се во соседен Мали.

Блинкен за „Би-Би-Си“ изјави дека не верува оти Русија или Вагнер го предизвикале државниот удар во Нигер.

Сепак, САД се загрижени дека паравоената група „можеби се манифестира“ во делови од регионот Сахел, додаде тој.

„Мислам дека она што се случува во Нигер не е поттикнато од Русија или Вагнер, туку тие се обидуваат да ја искористат ситуацијата. Каде и да отиде Вагнер, следеше смрт, уништување и експлоатација“, рече американскиот државен секретар.

Се верува дека Вагнер има илјадници борци во земји како што се Централноафриканската Република и Мали, каде што групата има профитабилни деловни интереси и има задача да ги зајакне руските дипломатски и економски врски.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари