Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Блинкен следната недела патува за Тонга, Нов Зеланд и Австралија

Блинкен следната недела патува за Тонга, Нов Зеланд и Австралија
300x250 opst2

Американскиот државен секретар Антони Блинкен следната недела ќе оствари официјална посета на Тонга, Нов Зеланд и Австралија, соопшти Стејт департментот.

dobivaj vesti na viber

Посебен акцент беше ставен на патувањето на Блинкен во Нукуалофа, главниот град на Тонга, каде Блинкен ќе ја посети новоотворената американска амбасада.

Неодамна, Соединетите Американски Држави го прогласија овој остров како стратешки многу важен, откако Кина го зајакнa своето влијание во Пацификот.

Поголем ангажман во земјите од регионот на Пацификот е еден од актуелните приоритети на надворешната политика на САД. Блинкен ќе ја посети Тонга за прв пат откако e шеф на дипломатијата.

Патувањето на Блинкен ќе трае од 24 до 29 јули, при што ќе ги посети и Нов Зеланд и Австралија, а по тој повод ќе присуствува на еден натпревар од Светското првенство во фудбал, чиј кодомаќини се овие две земји.

Инаку, женската репрезентација на САД е актуелен светски шампион, односно ги освои шампионските титули на последните две првенства. На 27 јули Блинкен ќе престојува во Велингтон, Нов Зеланд, додека патувањето ќе заврши на 28 и 29 овој месец со посета на Австралија.

Можете да прочитате

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија