Утрински Весник
Свет

Блинкен: САД се против принудно иселување на Палестинците од Газа

Blinken 1.jpg

Во телефонски разговор синоќа со министерот за надворешни работи на Египет, Самех Шукри, државниот секретар Ентони Блинкен ја потврди „јасната позиција на претседателот Џо Бајден дека САД не подржуваат крупна воена операција во Рафа и се против секакво  принудно преместување на Палестинците во Газа“, изјави портпаролот Метју Милер.

Милер укажа и дека Блинкен „ја изразил подршката на САД за повторно отварање на пограничниот пункт Рафа и продолжување на испораките на итно потребната хуманитарна помош“.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека Израел го кренал своето знаме на граничниот премин Рафа, со што главната контрола на границата со Египет е одземена од Хамас.

По седум месеци војна во Рафа прибежиште најдоа повеќе од 1.4 милиони Палестинци. Во меѓувреме, Израел издаде наредба за евакуација на населението од источниот дел на градот.

Блинкен исто така изразил благодарност до Египет за посредништвото во преговорите за постигање привремен прекин на огнот во замена за ослободување на заложници.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk