Утрински Весник
Свет

Блинкен: Ни треба прекин на огнот

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска се сретна со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси во рамките на неговата 48-часовна турнеја низ четири земји од Блискиот Исток. Неговата турнеја има за цел да се обиде да се преговара за прекин на огнот во Појасот Газа. Во меѓувреме, Израел соопшти дека во изминатите 24 часа израелските сили убиле неколку десетици вооружени палестински напаѓачи низ Газа и потврди дека најжестоките борби се водат во градот Кан Јунис на југот на палестинската енклава. Блинкен по посетата на Саудиска Арабија разговараше со египетското раководство, а од Каиро отпатува за Катар, на средба со раководството на таа земја, кое се обидува да посредува меѓу конфликтните страни. Палестинците се надеваат дека напорите на американскиот државен секретар ќе помогнат да се воспостави прекин на огнот пред израелските сили да започнат офанзива на јужните погранични области на Газа, каде што се засолниле над милион раселени палестински цивили. Катар и Египет минатата недела му пренесоа предлог за прекин на огнот на раководството на Хамас, кое бара гаранции дека израелските сили ќе се повлечат пред да се согласат за ослободување на преостанатите заложници заробени во нападот врз Израел на 7 октомври. Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, исто така, потврди дека Блинкен разговарал со саудискиот престолонаследник за регионалните чекори за трајно завршување на израелско-палестинската војна, ублажување на хуманитарната катастрофа во Газа и ограничување на ширењето на кризата на Блискиот Исток. Блинкен вечерва од Катар треба да отпатува за Израел, каде што ќе разговара со израелското раководство. Денеска се сретна со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси во рамките на неговата 48-часовна турнеја низ четири земји од Блискиот Исток. Неговата турнеја има за цел да се обиде да се преговара за прекин на огнот во Појасот Газа. Во меѓувреме, Израел соопшти дека во изминатите 24 часа израелските сили убиле неколку десетици вооружени палестински напаѓачи низ Газа и потврди дека најжестоките борби се водат во градот Кан Јунис на југот на палестинската енклава. Блинкен по посетата на Саудиска Арабија разговараше со египетското раководство, а од Каиро отпатува за Катар, на средба со раководството на таа земја, кое се обидува да посредува меѓу конфликтните страни. Палестинците се надеваат дека напорите на американскиот државен секретар ќе помогнат да се воспостави прекин на огнот пред израелските сили да започнат офанзива на јужните погранични области на Газа, каде што се засолниле над милион раселени палестински цивили. Катар и Египет минатата недела му пренесоа предлог за прекин на огнот на раководството на Хамас, кое бара гаранции дека израелските сили ќе се повлечат пред да се согласат за ослободување на преостанатите заложници заробени во нападот врз Израел на 7 октомври. Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, исто така, потврди дека Блинкен разговарал со саудискиот престолонаследник за регионалните чекори за трајно завршување на израелско-палестинската војна, ублажување на хуманитарната катастрофа во Газа и ограничување на ширењето на кризата на Блискиот Исток. Блинкен вечерва од Катар треба да отпатува за Израел, каде што ќе разговара со израелското раководство.

Можете да прочитате

Лула да Силва не го менува ставот дека Израел извршил геноцид во Појасот Газа

Трамп: Поради обвиненијата против мене, имам поголема поддршка од Афроамериканците

(Видео) Бајден ја прекрсти вдовицата на Навални наместо Јулија ја нарече Јоланда !