Утрински Весник
Македонија

Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до пријателските држави за помошта за Кочани

Davkova.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до пријателските држави што пружија помош по трагедијата во Кочани.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во свое лично име, изразува најискрена благодарност до сите пријателски држави што во моментите на национална трагедија и шок, предизвикани од кочанската апокалипса, пружија и сè уште пружаат навремена и несебична помош, водени од принципите на солидарност и хуманост.


Ангажманот на нивните медицински тимови, подготвеноста на авионите и хеликоптерите за итна интервенција, отворањето на здравствените установи за повредените граѓани, како и активирањето на европскиот механизам за цивилна заштита, испратија недвосмислена и силна порака дека во најтешките моменти не сме сами. Тие ја делеа болката со нас, а нивната грижа стана наш заеднички лек.

Ја почувствувавме силата на вистинското пријателство преку нивната присутност и поддршка, којашто ќе остане врежана во колективната меморија на нашиот народ.

Тажно е што низ болката и ненадоместливата загуба ја спознавме суштинската поврзаност со светот и длабокото чувство на припадност, нешто што не требаше да биде плод на трагедија.

Од срце сме им благодарни,

никогаш нема да ја заборавиме помошта од:

Република Србија

Република Бугарија

Република Турција

Хеленската Република

Кралството Шпанија

Република Австрија

Унгарија

Република Хрватска

Кралството Белгија

Италијанската Република

Република Литванија

Република Словенија

Кралството Шведска

Република Полска

Државата Израел

Република Чешка

Обединетото Кралство

Сојузна Република Германија

Големото Војводство Луксембург

Кралството Норвешка

Романија

Република Албанија

Босна и Херцеговина

Кралството Холандија

Република Финска

Француската Република

ЕУ

Можете да прочитате

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“

Мицкоски: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ