Утрински Весник
Економија

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Азески и Ристески на седница на Регионалната комора во Прилеп

1 7.jpg

На 27 декември 2024 година, во Прилеп се одржа седница на Управниот одбор на Регионалната комора, која беше фокусирана на клучните економски предизвици и решенија за локалното и националното стопанство. На седницата присуствуваа претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, како и претставници на локалните банки и компании.

Претседателот Азески истакна неколку важни точки за подобрување на економскиот амбиент, вклучувајќи го законското решение за недела нереботен ден, т.е во недела треба да се работи, но и да се плати соодветно спрема законските регулативи. Тој ја истакна потребата од рационализација на државната администрација за да стане вистински сервис на бизнисот и поддршка за извозните активности преку нова регулатива. Азески нагласи дека растот на платите во јавниот сектор треба да биде условен со растот на бруто-домашниот производ, додека парафискалните давачки на локално ниво мора да се регулираат исклучиво преку Собранието.


Присутните дискутираа и за инвестициите во инфраструктурата, со фокус на железничката линија кон Солун, како и за навремениот поврат на ДДВ и законските исплати за инвестиции. На состанок беа презентирани и условите за унгарскиот кредит, кој е потенцијален извор на финансиска поддршка за компаниите во регионот.

Претседателот на Регионалната комора поднесе извештај за активностите во изминатата година, потенцирајќи го значењето на Комората во поддршката на економскиот развој. Азески, пак, апелираше за унапредување на регионалната соработка и регионално поврзување и активност на регионалните комори за поголема активност на компаниите, особено од Источна Македонија.

Можете да прочитате

Објавени пет јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Ќе стане ли кафето луксуз во 2025 година? Цената се зголемува, продажбата во опаѓање

Мицкоски: Најголем дел од трговците ги враќаат цените на производите