Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Битката за тестаментот на Арета Френклин се префрла во судница

Битката за тестаментот на Арета Френклин се префрла во судница
300x250 opst2

Кога Арета Френклин почина од рак на панкреас во август 2018 година, сите мислеа дека таа не оставила тестамент за имотот вреден милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Но, девет месеци подоцна, три рачно напишани тестаменти беа пронајдени во нејзиниот дом во Детроит, Мичиген – вклучително и еден заглавен меѓу перниците на софата во дневната соба.

Овој април, никогаш претходно слушнати говорни пораки пред смртта на кралицата на соул-музиката за потенцијален четврти тестамент, ја засилија интригата.

Судењето со порота, кое почнува во понеделник, ќе се обиде да стави крај на ќор-сокакот меѓу наследниците на богатството на Френклин.

Се очекува судењето во оставинскиот суд во округот Оукленд да трае помалку од една недела.

Поротата од шест лица ќе ги сослуша сведоците, вклучувајќи ги децата на Френклин, нејзината внука Сабрина Овенс и еден експерт за ракопис.

Осумнаесеткратната добитничка на „Греми“ сними десетици песни кои беа на врвот на топлистите и беше првата жена примена во Куќата на славните на рокенролот.

Но, Френклин беше прилично потајна за своите финансии и, наводно, се спротивставила да подготви формален тестамент и покрај години лошо здравје.

Кога почина, отсуството на тестамент наложи дека нејзиниот имот – вклучувајќи куќи, автомобили, крзна и накитот – ќе биде подеднакво поделен на нејзините четири сина.

Меѓутоа, неколку месеци по нејзината смрт беа откриени три верзии на тестамент – две во заклучен кабинет (од јуни 2010 година) и една во тетратка оставена под перница (од март 2014 година).

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време