Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија 

0014 30 04 24 Bytyqi Thote Scaled.jpg

„Ја слушнавме и прифативме пораката која ни ја упативте на 24-ти април. Го имавте тоа право и слобода да ни ја испратите таа порака во фер и демократска атмосфера, која грижливо ја градевме седум години”, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„На избирачките места не ве принудувавме да климате со главата, кога на ВМРО ДПМНЕ идеалот им беше од типот на ‘човечињата идаат и гласаат и ќутат’ – имавте можност својот глас да  го дадете без страв и уцени. Слободно!”,  се порачува во видеото.

„Демократијата не напредува во молк и согласување, со уцени и закани, таа бара дијалог, со вас, граѓаните.  Затоа и ве слушаме, ги прифаќаме критиките, се поправаме.  Ние сме партија која работи и греши, но и се поправа, а за тоа имаме јасен план и програма. А тоа нема сами да го направиме, во коалиција сме со вас за да ги одбраниме нашите европски вредности и нема да се откажеме од борбата за напредна и прогресивна Македонија”, се вели во видео обраќањето на Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Можете да прочитате

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето