Утрински Весник
Економија

Битиќи: Уште една бесплатна лекција до Трајко Славески

Biti I1.jpg
Img 5587

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска обкави статус на социјалните мрежи кој му го посвети на функционерот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески.

„Тргнувајќи од фактот дека и понатаму сака да биде подучуван и доедуциран, проф. Славески ме прозива и сака уште некоја бесплатна лекција, па во духот на социјалдемократијата, повелете професоре:

300x250 (7)

– Како прво, одамна поминаа времињата кога со цитати на некои странски „големи имиња“ ќе ги победите аргументите. Еве во ваш стил, спомнувајќи го почитуваниот Лери Самерс од Универзитетот Харвард, јас ќе споменам едно друго големо име, а тоа е генералниот директор на Џеј-Пи Морган (најголемата банка во САД), Џејми Дајмон, кој после денес објавените квартални резултати на својата банка предупредува (што е на линија на Самерс) дека и покрај зголемените приходи и добивка, сепак треба да сме претпазливи, и дека и покрај позитивните макроекономски индикатори, сепак треба да сме внимателни и дека се можни некакви позначајни непредвидливи случувања. Ете сега имаме потврда и од оние со академски бекграунд, како и од оние кои се директно инволвирани во бизнисот, дека инфлаторните притисоци не се иманентни само на нашата домашна економија, туку тие се феномен со кој се соочуваат сите економии во светот изминативе повеќе од две години. Македонската економија која има надворешнотрговска отвореност од преку 150% секако дека не може на ниеден начин да биде изолирана од овие глобални случувања.

– Спомнувањето пак на последниот пролетен извештај на Светска Банка е до сега најспектакуларниот автогол (да се изразам со спортски речник) кој сте го постигнале професоре. Подолу ви е графиконот кој ги демантира сите ваши јавни настапи откако Белиот Дворец и вашиот ментор кој избега во Будимпешта преминавте во опозиција во 2017 година, а јас ќе споменам само неколку од нив:

• зголемувањето на платите врши силен инфлаторен притисок, неточно

• платите ги изеде инфлацијата, неточно

• зголемувањето на платите не ја следи продуктивноста, неточно

• бизнисот нема да го издржи покачувањето на минималната плата, неточно

И капак на сите овие „тези“ или „антитези“, пошто вие и вашата партија сте познати само по движењето контра, и никогаш напред, сега доаѓате со бомбастично ветување кое многу лесно го прочитаа преку 334.000 пензионери, на кои им ветувате зголемување од 5.000 денари на пензиите без да кажете кога и во колкав временски период ќе се случи тоа зголемување. Ако навистина тоа планирате да се случи веднаш после изборите, тогаш тоа е како да сте ставиле динамит на „браната чии загуби на вода“ од 48% во 2016 ги сведовме на подносливи 32% во 2023, и сега вие ја барате довербата од граѓаните со ветување дека оваа брана веднаш после можното идно доаѓање на власт ќе ја кренете во воздух.

П.С. Браната е алузија на фондот за ПИОМ.

П.П.С. За апрецијацијата и депрецијацијата на реалниот девизен курс и дали/како тој влијае врз конкурентноста, во некоја наредна прилика кога вашиот главен консултант и добавувач на податоци и анализи јавно ќе излезе со свои ставови“ пишува Битиќи.

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз