Утрински Весник
Економија

Битиќи со порака до компаниите: Не стравувам од вештачко враќање на цените, граѓаните нема да ја плаќаат цената

Битиќи со порака до компаниите: Не стравувам од вештачко враќање на цените, граѓаните нема да ја плаќаат цената

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи потенцира дека не стравува од вештачко враќање на цените на производите кои сега се со замрзнати вредности.

dobivaj vesti na viber

„Првите позитивни сигнали од компаниите доаѓаат и овде сме заеднички да ја надминеме кризата. Не стравувам дека по замрзнување на цените ќе се врати старата практика на вештачко зголемување на цените на начин како што еден одреден период беше направено“, рече Битиќи.

Додаде дека тоа што постојано повикувале на општествена одговорност на компаниите врoдило со плод.

„Тоа е сосема јасно но ако се случи спротивното ние како Влада нема да оставиме граѓаните да ја плаќааат највисоката цена тие ќе бидат згрижени“, беше дециден Битиќи.

Можете да прочитате

Мицкоски: 63-64 македонски проиводи ќе се извезуваат во САД по тафифи од 0 до 6,5 проценти

Средба Славески – Варнс: Стабилниот финансиски систем и модерните платни решенија се основа за инвестиции и економски раст

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто