Утрински Весник
Економија

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата на германски компании кои престојуваат во Северна Македонија, со кои ги сподели деловните можности посебно во однос на поддршката за инвестиции, при што ги истакна клучните фактори кои ја прават Северна Македонија атрактивна дестинација за нивните инвестиции.

dobivaj vesti na viber

„Северна Македонија има стратешка локација, сместена на раскрсницата на паневропските транспортни коридори VIII и X, и нуди поволна локација привлекување на ланецот на набавки во европскиот континент наречен неаршоринг (near-shoring). Со воспоставување на производство блиску до европските центри за потрошувачка, германските компаниите можат да ја максимизираат ефикасноста и ефективноста на нивните бизнис процеси“, порача вицепремиерот Битиќи кој ги информираше германските компании дека Северна Македонија е потписник на мултилатерални конвенции и има склучено бројни билатерални договори за заштита на инвестициите, што за странските инвеститори значи заштита преку институции како што е Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ICSID).

Битиќи се осврна и на финансиската поддршка на Владата која во прво место е предвидлива и дека сите постапки се транспарентни со цел да создадат еднакви услови и за домашните и за странските инвеститори.

„Поддршката е дизајнирана да постигне неколку цели, вклучително и создавање на подобро платени работни места, поттикнување соработка меѓу компаниите и промовирање технолошки развој и иновации“, рече Битиќи кој германските компании ги запозна и со дигиталниот асистент во јавниот сектор, АДА, прв во регионот и пошироко базиран на вештачка интелигенција кој стои на располагање на компаниите да добијат целосни информации за условите за инвестирање во нашата земја и за државната помош која се нуди за инвестициите, без разлика дали се тоа домашни или странски компании.

Kако заклучок, рече дека Северна Македонија е подготвена да ги пречека и поддржи германските компании во нивниот стремеж за раст и успех, и дека земјата нуди поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка.

„Заедно, дозволете ни да создадеме силни партнерства и да го отклучиме огромниот потенцијал што лежи во нашата соработка“, заклучи Битиќи.

Предводникот на германската делегација, Ханс-Јоаким Баумлер, од консултантската компанија Интегра, истакна дека успешноста на германските компании кои делуваат во Северна Македонија претставува силен мотив за другите компании да го следат нивниот пример и да инвестираат во земјава, која според него нуди добра бизнис клима за понатамошно развивање на трговската размена помеѓу Германија и Северна Македонија.

Можете да прочитате

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во Цементарница УСЈЕ

Ангеловска-Бежоска за ВОА: Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика ќе има во втората половина од годинава