Утрински Весник
Економија

Битиќи: Реформите кои ќе ги направиме во пристапниот процес кон ЕУ ги правиме за нас и нашите деца

Битиќи: Реформите кои ќе ги направиме во пристапниот процес кон ЕУ ги правиме за нас и нашите деца

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, се обрати на конференцијата „Промовирање на конструктивен капитал во Северна Македонија“, поддржана од Центарот за меѓународно приватно претпријатие (CIPE) имплементиран од Институтот за демократија.

dobivaj vesti na viber

Битиќи се осврна на процесот кој го започнавме во пристапните преговори со Европската Унија, потенцирајќи на важноста за јасен консензус и потребата од голема инклузивност, како за целиот процес така и за нашите државни цели и придобивки од него.

„Целиот овој процес го правиме за себе, на ова веројатно низ него ќе треба да се потсетуваме, бидејќи на моменти бирократскиот јазик, обемноста, притисокот за промена, како и европските институции кои за истата ќе нé држат отчетни, можеби на моменти ќе ја поматат јасноста на тоа за кого сето ова го правиме. Сите реформи кои ни следат треба да ги спроведеме и истите да ги следи и промена на навиките и свеста“, истакна Битиќи.

„Војната во Украина го насочи фокусот на Унијата на политики со кои треба да се обезбеди безбедно и непречено функционирање на економијата и тука механизмот за скрининг на директните странски инвестиции или FDI Screening Mechanism е од особено значење, поради тоа оваа регулатива е дел и од стратешкиот дијалог со САД.

Станува збор за хоризонтална активност која опфаќа и се протега со надлежност на повеќе министерства, истовремено претставува и усогласување со ЕУ законодавството, ќе бара и хоризонтално владино покривање, секако и соработка со коморите, граѓанскиот сектор и останатите стејкхолдери.

Северна Македонија може да биде пионер во регионот во воспоставување и имплементација на овој механизам и тоа е предизвик кој треба да го прифатиме“, рече Битиќи.

„Покрај механизмот за скрининг на странските инвестиции, денеска ќе се промовираат и Carbon Border Adjustment Mechanism-от кој се однесува на предизвиците со кои ќе се соочиме со вклучувањето на регионот во развојот на трговските и даночните политики на ЕУ, како што е механизмот за прилагодување на границите на емисии на јаглерод диоксид, што ќе гарантира економски развој кој ќе ја следи и Зелената Агенда“, заклучи Битиќи.

Можете да прочитате

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат

СДСМ најавува седумчасовен работен ден во три сектори од 2025

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден