Утрински Весник
Економија
Img 7972

Битиќи ќе се обрати на конференцијата за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд

Битиќи ќе се обрати на конференцијата за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд
Dik 300x250 mk

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во следните три дена ќе учествува и ќе се обрати на Втората конференција за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд, која ќе се одржи од 13 до 15 септември 2022 година во Инчеон, Република Кореја.

dobivaj vesti na viber

Битиќи ќе има воведно обраќање на отворањето на конференцијата, утре, кога ќе се обрати и извршениот директор на Зелениот климатски фонд, Јаник Глемарец, а потоа ќе учествува и на министерските панели.

Конференцијата ќе ги собере министрите, националните назначени органи на Зелениот климатски фонд како и акредитираните ентитети (како Светска банка, ЕБОР, ФАО, УНДП, ГиЗ итн), за да обезбеди платформа за дијалог на високо ниво за преточување на долгорочните стратегии за редукција на јагленородни емисии и планови за отпорност на клима, во инвестиции.

Настанот ќе направи преглед на улогата на Зелениот климатски фонд во овозможувањето активности за справување со климатските промени и ќе обезбеди платформа за засегнатите страни на Зелениот климатски фонд за ефективно да одговорат на сè поитните потреби за справување со климатските промени и исполнување на целите на Парискиот договор за клима. Конференцијата, исто така, ќе биде можност за дефинирање на нови можности и проекти во различни сектори, како и споделување лекции од имплементацијата на конкретни проекти во различни земји.

Глобалната конференција за програмирање ќе се одржува заедно со конференцијата на Зелениот климатски фонд „Private Investment for Climate 2022 година“.

Во текот на посетата вицепремиерот ќе оствари и неколку билатерални и бизнис состаноци.

Учеството на вицепремиерот Битиќи на конференцијата е по покана и под покровителство на Зелениот климатски фонд, соопштија од неговиот кабинет.

Можете да прочитате

ЕУ ја одобри втората транша средства во рамките на Инструментот за реформи и раст

Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесуваат за постепено намалување на инфлацијата и задржување на финансиската стабилност

Во логистика и шпедиција има и многу работа и многу пари