Утрински Весник
Свет

(Видео) Турканици за шеќер во продавница во Србија – „Дајте ми едно пакување“

(Видео) Турканици за шеќер во продавница во Србија – „Дајте ми едно пакување“

На социјалните мрежи се прошири видео снимено вчера во Нови Пазар, на кое се гледа како граѓани буквално се грабаат за шеќер во продавница, пренесуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Дајте ми едно пакување. Дајте ми еден пакет“, се слуша глас на една жена на снимката.

Недостигот од основни производи е честа појава во Србија во последните неколку месеци, пишува „Нова.рс“.

Недостигот на шеќер во Србија трае веќе со недели. Во многу продавници се истакнати молбите до граѓаните да не земаат повеќе од пет килограми шеќер при едно купување, наведува медиумот.

Според анализите во медиумите, Србија лани веќе ги ограничи цените на млекото, брашното, зејтинот, свинското. Тие цени, според тамошните медиуми, сѐ уште се ограничени.

Како што соопштија од владата на Србија, целта на мерката е да се заштити пазарот, односно да се спречат нарушувања во формирањето на цените на споменатите стоки, кои се исклучително важни за понудата на потрошувачите, особено на посиромашните социјални категории, пренесува медиумот.

Годинава, анализира медиумот, во Србија имаше недостиг на некои производи, најмногу на шеќер и на млеко.

Можете да прочитате

Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“

Јапонски министер поднесе оставка откако рече дека не купува ориз затоа што го добива бесплатно

Русија распоредува десетици авиони и стотици шатори крај границата со Финска