Утрински Весник
Македонија

Битиќи до жителите на Бутел: Резултатот е нула-нула, a на 8-ми мај заеднички одлучуваме за победникот

0001 27 04 24 Meeting With People Scaled.jpg
Dik 300x250 mk

„Резултатот  е нула-нула, сè уште немаме победник или поразен. Нашата битка за европска Македонија не е завршена. Нашата држава е мала земја, но влогот на 8-ми мај е голем”, порача на денешните средби со жителите на скопската општина Бутел, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој порача дека е опасен патот по кој ВМРО-ДПМНЕ сака да ја води државата, а тоа е кон изолација, кон унгарско сценарио, кон национализми кои разделуваат.
„СДСМ одбива да се движи кон овој правец. Ние имаме програма и визија за  европска држава во која владеат дијалогот, инклузивноста, меѓусебното другарство и социјалната правда”, рече Битиќи.

Тој ги потсети граѓаните на 27 април пред седум години, кога се случи упадот во Собранието и обидот за рушење на уставниот поредок по покровителство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Слободата која ја добивме по крвавиот 27 април пред седум години, не е луксуз, тоа е можност која ни даде сила да се движиме напред, да стане полноправни членки на НАТО, да ги отвориме портите на Европската Унија. Сега не смееме да дозволиме на 8-ми мај таа да биде украдена, однесена од виорот на национализмот и поделбите. Мораме да продолжиме да го чуваме овој скапоцен подарок кој го добивме во борбата против режимот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тој е темелот врз кој се гради праведно и правично општество, ” порача Битиќи.

Можете да прочитате

Приведени девет лица, еве што најде полицијата кај нив

Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје

„Ќе ти средам за туѓа нега“ – измамен тетовец за 250 евра