Утрински Весник
Економија

Бислимовски: БЕГ да ги сторнира сметките за парно, во нив не е пресметана сумата од субвенциите за топлинска енергија

Бислимовски: БЕГ да ги сторнира сметките за парно, во нив не е пресметана сумата од субвенциите за топлинска енергија

Откако снабдувачот со топлинска енергија БЕГ на скопјани им достави повисоки за 40% наместо со најавеното покачување од 14 отсто, Регулаторната одлука побара од БЕГ да ги сторнира сите сметки кои се испратени до потрошувачите затоа што во нив не била вкалкулирана сумата која Владата ја дава како субвенција за топлинска енергија.

dobivaj vesti na viber

„Изминатите два дена голем број на граѓани до РКЕ поднесуваат поплаки за 40 отсто поголеми сметки. Во овие сметки не е вкалкулирана субвенцијата која Владата ја дава за топлинска енергија. РКЕ бара БЕГ да ги сторнира сите сметки кои се испратени до потрошувачите и да се изготват нови сметки во кои ќе се вкалкулира субвенцијата која ја добиваат граѓаните од Владата. Средства во буџетот се обезбедени за оваа намена, но ако треба ќе се донесе нова одлука. Потенцирам, сметките се испраќани на 30-31 август, а месецот не беше завршен. Мора да се издадат нови сметки“, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Првиот човек на РКЕ сепак вели дека можно е да е дојдено до одреден административен пропуст и да истекол рокот на владината одлука за субвенционирање на топлинската енергија.

БЕГ, иако ги загуби лиценците, се уште управува со парното греење се додека Владата не одреди нов оператор до почетокот на грејната сезона.

Орце Костов

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Реалната просечна плата во време на ВМРО-ДПМНЕ пораснала двојно повеќе од времето кога СДСМ беше на власт

Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги

Лукаревска: Кај граѓаните има огромно разочарување од ВМРО-ДПМНЕ