Утрински Весник
Економија

Бислимоски: Енергетската состојбата во Европа е комплексна

Бислимоски: Енергетската состојбата во Европа е комплексна

„Грејната сезона започна согласно правилата за снабдување и мрежните правила за 60 илјади потрошувачи, додека снабдувањето со електрична енергија за 611 илјади домаќинства во изминатиот период е стабилно, но и покрај тоа неопходно е рационално трошење на енергенсите“ посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), на редовен месечен координативен состанок со енергетските компании.

dobivaj vesti na viber

„Енергетската состојбата во Европа е комплексна, секоја држава ги моделира решенијата врз основа на солидарност – помагање едни со други и рационално трошење на електричната енергија. На состанокот разговаравме за трите постулати врз основа на кои се менаџира состојбата: остварување на планираното зголемено производство за електрична енергија што подразбира 100% покривање на потребите за домаќинствата и малите потрошувачи, како и вишок енергија што ќе биде насочена кон стопанството. Паралелно, на состанокот се оцени како позитивна таргетираната помош за ранливите категории – иницијатива на РКЕ и препорака на Енергетската заедница. Координираните системски мерки ќе помогнат да се амортизира состојбата и да им се помогне на оние на коишто им е најпотребно. Допрва доаѓаат месеци во коишто температурата ќе биде пониска, затоа неопходно е рационално трошење на сите енергенси“, изјави Бислимоски.

На состанокот беа присутни претставници од енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН ХОМЕ, Електродистрибуција и МЕМО.

Можете да прочитате

СДСМ: Животниот стандард на граѓаните е урнат – 50% од вработените имаат плати до 36.000 денари

Бугарија влегува во трката за бакар, Македонија сè уште не го активира потенцијалот на Иловица

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ