Утрински Весник
Спорт

Бирхоф поднесе оставка на функцијата

Бирхоф поднесе оставка на функцијата

Познатиот германски фудбалер, а сега функционер во Германскиот фудбалски сојуз, Оливер Бирхоф, повеќе нема да ја извршува функцијата директор на германските репрезентации и функцијата шеф на германската академија.

dobivaj vesti na viber

Европскиот шампион од 1996 година и поранешен напаѓач на Милан е вработен во Фудбалската асоцијација од 2004 година. Беше тим-менаџер на репрезентацијата и работеше со Јирген Клинсман, а во репрезентацијата беше и во 2014 година кога Германците ја освоија титулата светски шампион.

Тој беше клучен и во изградбата на Академијата на Германскиот фудбалски сојуз, во која беа вложени 150 милиони евра.

„Мојата одлука му ја кажав на претседателот на Фудбалскиот сојуз Брен Нојендорф. Го расчистувам патот за поставување на нов курс. Убеден сум дека Академијата ќе има клучна улога во развојот на германскиот фудбал и среќен сум што репрезентациите имаат нов дом. Не можевме да ги повториме претходните успеси и да им дадеме причина за задоволство на навивачите во последните четири години. Некои одлуки кои донесовме беа погрешни. Никој не се кае повеќе од мене. Ја преземам одговорноста“, кратко изјави Оливер Биерхоф.

Германците на Мундијалот стартуваа со пораз од Јапонија, потоа ремизираа со Шпанците, а и покрај победата против Костарика, вторпат по ред испаднаа во групата.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност