Утрински Весник
Спорт

Билиќ ќе го преземе Вотфорд

Билиќ ќе го преземе Вотфорд
300x250 (7)

Славен Билиќ (54) е блиску до нова работа, пишува британски „Телеграф“. Поранешниот хрватски селектор би требало да го преземе Вотфорд, член на Чемпионшип дивизијата.

dobivaj vesti na viber

Вотфорд штотуку го отпушти менаџерот Роб Едвардс, а Билиќ е првиот кандидат за негов наследник. Вотфорд во моментов е десетта екипа во Чемпионшип со ефект од три победи, пет нерешени и два пораза. Целта на клубот е веќе оваа сезона да обезбеди враќање во Премиер лигата, а тоа ќе биде примарна задача на Билиќ.

300x250 (7)

Билиќ минатиот месец во интервју за „Телеграф“ изјави дека ја чека вистинската понуда, поради што го одбил грчкиот великан Олимпијакос.
Вотфорд минатата сезона испадна од Премиер лигата, а во оваа сезона ги задржа главните ѕвезди како Исмаила Сар и Жоао Педро.

Последниот ангажман на Билиќ беше во кинескиот Пекинг Гуан. Во Англија ги водеше Вест Хем и ВБА, со кои во сезоната 2019/2020 избори пласман во Премиер лигата. Билиќ во својата кариера ги водеше и Хајдук, У-21 и сениорската репрезентација на Хрватска, Локомотив Москва, Бешикташ и Ал-Итихад.

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер