Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Бијонсе ја изостави Лизо во стиховите по бомбастичната тужба

Бијонсе ја изостави Лизо во стиховите по бомбастичната тужба
Img 7972

Бијонсе не ја спомнува Лизо во својата песна Break My Soul откако тројца поранешни танчерки на раперката покренаа тужба против неа.

dobivaj vesti na viber

Поп-дивата (41) ја отпеа Break My Soul (ремикс на Квинс) во Фоксборо, Масачусетс, без да ја спомене Лизо која се соочува со голем скандал, повторувајќи го името на Ерика Баду наместо нејзиното.

Првично, текстот на песната беше: „Розета Тарпе, Сантиголд (Вог), Беси Смит, Нина Симон (Вог), Бети Дејвис, Соланж Ноулс, Баду, Лизо, Кели Роул „знаеш дека можеш да го направиш тоа“ (You know you can do it).

Во видеото на „Твитер“, кое го сними фан, Бијонсе пее: „Бети Дејвис, Соланж Ноулс. Баду, Баду, Баду, Баду“.

Фановите веднаш ја забележаа промената, многумина ја пофалија, а други бараа Лизо да не биде изоставена.

Лизо е мета на повеќе тврдења за наводно малтретирање на нејзините вработени, откако три нејзини поранешни танчерки поднесена тужба против неа.

Во тужбата, поднесена во вторникот (1. август), триото танчерки тврдат дека ги подложила на голем срам со своето ужасно и понижуваччко однесување. Тие тврдат дека ги принудувала да јадат банани што вират од вагината на сексуални работнички во текот на патување во Амстердам.

Повеќемина од поранешните вработени на рперката потоа се огласија во прилог на тужбата против Лизо.

Неколку часа откако трите танчерки се појавија со обвинувањата, нејзината поранешна креативна директорка Квин Витни Вилсон и танчерката Кортни Холинквест тврдеа дека доживеале сличен третман.

Кортни на својот Инстаграм во вторникот напиша: „За појаснување, јас не сум дел од тужбата – но ова беше и мое искуство додека работев таму.“

„Голема пофалба за танчерките кои имаа храброст да го изнесат ова на виделина.“

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време