Утрински Весник
Свет

Без збор, но со порака: Маск против тарифите на Трамп?

347399759499887.jpeg

Илон Маск, милијардерот и технолошки магнат кој донираше десетици милиони долари за кампањата на Доналд Трамп и го предводи Одделот за владина ефективност (DOGE), сподели видео со силна економска порака токму во време кога тарифната политика на Трамп предизвикува потреси на светските берзи.

Во видеото што Маск го објави, познатиот економист Милтон Фридман преку обичен молив ја објаснува моќта на глобалната трговија и комплексноста на светскиот пазар.
„Буквално илјадници луѓе работеа заедно за да го направат ова пенкало“, вели Фридман, нагласувајќи ја „магијата на системот на цени“ и важноста на слободниот пазар за продуктивноста, но и за одржување мир меѓу народите.


Иако Маск не додаде никаков коментар, времето на објавата зборува гласно – доаѓа во момент кога економиите реагираат бурно на тарифите на Трамп, кои според многу аналитичари претставуваат удар врз глобалното поврзување и синџирите на снабдување.

Односот меѓу Маск и Трамп отсекогаш бил комплексен – од блиска соработка до отворени несогласувања, како кога Маск ги напушти советодавните тела по повлекувањето на САД од Парискиот договор. Иако во последниве месеци Маск се приближи до Трамп, ваквиот потег може да сугерира дистанцирање – барем кога станува збор за економските политики што му штетат на глобалниот бизнис.

Милтон Фридман, добитник на Нобелова награда, е познат како гласен поборник на дерегулацијата и противник на царини и државен интервенционизам. Неговите идеи го обликуваа современиот економски либерализам, а нивното споделување од Маск – токму сега – е сè, само не неутрално.

Со тоа, Маск можеби испраќа сигнал дека неговата визија за иднината на светската економија се разликува од националистичкиот пристап на Трамп – барем кога глобалната трговија и технолошката интерконективност се во прашање.

Можете да прочитате

Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти

Израел во следните недели ќе дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа

Нов Зеланд ќе вложи 12 милијарди долари во одбраната: Далечината веќе не ни е заштита