Утрински Весник
Скопје

Без вода утре МАНУ, Основен суд 2, ТЦ „Мавровка“, МКЦ, НУБ, УКИМ и други објекти, како и дел од чаршијата

Voda.webp.webp

Без вода утре  од 7 часот ќе бидат корисниците од објектите МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски “- Скопје, Универзитетот Св. „Кирил и Методиj”, ТЦ „Мавровка“, дел од скопската чаршија, Саат-кула, ул. „Отокар Кершовани“, Адвокатската улица и дел од бул. „Крсте Мисирков“.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради дефект на водоводна линија на бул. „Крсте Мисирков“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Можете да прочитате

Демант од ЈП Водовод и канализација-Скопје 

ЕСМ Снабдување со топлина: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите

(Видео) Голем дефект, пукна водоводна цевка во Чаир