Утрински Весник
Скопје

Без струја утре делови од повеќе скопски општини

Struja.jpeg

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Сарај и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Боривое Милошевски, Вера Радосавлевиќ, Зенден Џемаил и објектите кај Кванташки пазар во Општина Гази Баба.

Во периодот од 09:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Кондово (сред село), Волково, Кучково, Грачани, Караула Чашка, Радуша, Дворце, Орашје, Рашче, Бојане, Копаница и Свиларе во Општина Сарај.

Во периодот од 10:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците селото Бардовци, улица 1.687 од бр.54 до бр.40 во местот Шамак во Општина Ѓорче Петров.

Можете да прочитате

ВИДЕО: Голема змија долга околу еден метар преминува улица кај кулите „Џевахир“

Мустафаоглу: Градот брои само прелетани хектари, не го интересира ни со што, ни дали ефективно и воопшто се прска против комарци

Отворени три јавни повици за создавање на програмата „Скопје 2029 – Европска престолнина на културата“