Утрински Весник
Скопје

Без струја утре делови од општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сопиште и Шуто Оризари

Struja Bandera.jpg

Поради планирани зафати во електро – дистрибутивната мрежа, утре без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сопиште и Шуто Оризари, информираат утрово од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Од 8:30 до 12 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „1520“ во населбата Пинтија, општина Кисела Вода. Во истиот период, без струја ќе бидат поголем дел од корисниците во Волково, од пругата во Ново Село до кружен тек во Волково, општина Ѓорче Петров.

Од девет до 15:30 часот, корисниците од дел од улиците „Брсјачка Буна“, „Овчеполска“, „Виетнамска“, „Пелагонија“ во општина Шуто Оризари. Додека, од 10 до 16 часот, корисниците на дел од село Горно Соње кај црквата во општина Сопиште.

Можете да прочитате

Јакимовски: Владата да си го плати заостанатиот долг за греење на основните училишта во Карпош

Зелени контејнери во училиштата, едукации и еко линија за е-отпад во Општина Центар

Инспекторите на Град Скопје фатија лице како исфрла отпад, правел дива депонија, а потоа и ја запалил