Утрински Весник
Скопје

Без струја утре делови од Аеродром, Бутел и Карпош

Struja 1.jpeg

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по информација од „ЕВН“, известува дека поради планирани зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Бутел и Карпош.

Од осум до 16 часот, без струја ќе бидат делови од улиците „Тодор Чангов“, „Богомилски поход“ и „Благој Мучето“ во општина Аеродром.


Без струја во период од девет до 11 часот ќе останат делови од „Бутелска 13“ и „Бутелска“ – крак „Серава“ во општина Бутел.

Додека од девет до 13 часот, дел од корисниците во општина Карпош во Градски парк кај Институт за стока и риби.

Можете да прочитате

„Нешто што ќе остане” се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Аеродром домаќин на 100 часовниот хуманитарен фестивал „NO FINISH LINE SKOPJE“

Дел од Кисела Вода денеска без струја