Утрински Весник
Македонија

Без струја делови од Скопје

Без струја делови од неколку скопски општини

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 7.30 до 16 часот корисниците од улицата Методија Андонов-Ченто, објектите „Автоцентар“, „Престиж делукс“, „МЗТ агрома“, Центарот за регистрација на возила, индустриските објекти околу „Агросервис“ (општина Гази Баба);

· од 9 до 14 часот корисниците на улицата Козле бр. 1, 5, 7 и 8 (општина Карпош);

· од 9 до 14 часот корисниците од с. Моране и дел околу училиштето (општина Студеничани).

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ