Утрински Весник
Скопје

Без струја делови од Центар, Аеродром и Сарај

Struja1.jpg

Без електрична енергија денеска од 06:00 до 08:00 часот се корисниците од ул.Максим Горки бр.20 и објектот Луна Бизнис на ул. Новопроектирана 2, како и објектите околу бизнис центарот во општина Центар, соопшти ЦУК.

Во периодот од 08:30 до 13:00 часот струја ќе немаат корисниците од село Крушопек во општина Сарај, од 08:30 до 15:30 часот дел од корисниците на ул.Ѓорѓи Капчев, а од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул.Венијамин Мачуковски, Национален ансабл Танцер и околните објекти во општина Аеродром.


Можете да прочитате

Миро Кацаров поставен за директор на Универзална сала

Транспортирани  200 кубни метри отпад во рамките на акцијата „Генералка викенд“

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Општина Аеродром