Утрински Весник
Македонија

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Beti stamenkovska.jpg

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги објави кандидатите за градоначалници за уште шест општини. За Кисела Вода, кандидат за градоначалник е Бети Стаменковска-Трајковска, а за Кочани, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи натпартискиот кандидат доктор Влатко Грозданов.

За Старо Нагоричане, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Мирослав Славковски, за Дојран – Илија Пендов, за Долнени – Сашко Велјановски и за Ранковце – Даниел Павловски.


Марија Митева, член на Извршниот Комитет на партија вечерва изјави дека сите кандидати за градоначалници се избрани на транспарентен начин и дека убедливо воделе на сите внатрепартиски анализи.

– ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за локалните избори како никогаш досега. Сите кандидати се избрани на транспарентен процес. Секој е чесен, познат и почитуван од средината во која живее. Тие се луѓе кои имаа енергија за работа и се псоветени за развој на општините, рече Митева на прес-конференција по седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол