Утрински Весник
Скопје

Бесплатно паркирање во Центар за новогодишните и божиќни празници

Parking.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Согласно Одлуката на претпријатието, денеска, на првиот ден од Новата Година, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари (четврток) со вообичаено работно време.


-За време на божиќните празници на 6 јануари (понеделник), 7 јануари (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 8 јануари 2025 година (среда) со вообичаено работно време, информираат од ЈП ПОЦ.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците, како и паркиралиштето Дилајла кое е со автоматска наплата. 

Можете да прочитате

Мицкоски присуствуваше на литургија во Соборниот храм 

Патник од Турција ограбен во скопско такси

Поради дефект без вода една скопска улица