Утрински Весник
Македонија

Бесплатниот превоз во Куманово трае до 31октомври, Советот утре ќе разгледува дали ќе продолжи

455907253 1526657144646313 8040665240053500044 N 690x550 1.jpg

Советниците утре ќе ја разгледуваат одлуката дали да се продолжи субвенционирањето на општинскиот линиски превоз на подрачјето на Општина Куманово, се наведува во денешното соопштение доставено до медиумите.

-Со донесување на одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово произлезе голем интерес од граѓаните корисници на општинскиот линиски превоз, па според тоа субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општината ќе продолжи и во следните два месеци од 2024 година. Од самиот почеток оваа мерка се покажа како оправдана, а како крајни корисници на јавен превоз се граѓаните кои се најзасегнати од секојдневното зголемување на цените, па од тие причини Општина Куманово одлучи да издвои средства од буџетот за период уште од два месеци заклучно со 31. 12.2024 година. За општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина со што би се ублажила економската криза за сите учесници во општинскиот линиски превоз, велат од општината.

Одлуката за изменување за субвенционирањето на општинскиот линиски превоз на патниците на подрачјето на Куманово опфаќа и измена на член кој се однесува на средствата при што за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници општина Куманово од Буџетот на Општина Куманово ќе издвои 60.000.000 денари со данок на додадена вредност за период дванаесет месеци почнувајќи од 1 јануари годинава, заклучно со 31 декември годинава. Со претходната измена субвенциониранио линиски превоз траеше до крајот на овој месец.

Од општината сметаат дека донесување на одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници до крајот на годинава произлегува од големиот интерес на граѓаните корисници на општинскиот линиски превоз.

Опозицијата постојано реагираше и бараше оваа одлука да се преиначи, бидејќи како што укажуваа во неколку наврати го поддржуваат бесплатниот превоз кој според нив треба да оди по купен билет при што граѓаните ќе имаат увид како и зошто се трошат нивните пари и бараа да се надминат аномалиите на кои укажуваа граѓаните. Дел од граѓаните пак реагираат дека одредени категории граѓани ја злоупотребуваат мерката и бараат од превозниците, учениците да имаат предност при користење на превозот во термините кога почнува првата и втората смена во средните и основните училишта од градот. Дел од кумановци сметаат дека е прескап проект кој е во интерес исклучиво на жителите од приградските населби. Тие реагираа за одлуката, укажувајќи дека е потребно општината да формира претпријатие за вршење на дејноста.

Општината ја правда одлуката како оправдана, укажувајќи дека се ублажила енергетската криза подобрен е на семејниот буџет, намален е на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и загадувањето на животната средина.

Можете да прочитате

ЈПДП со одговор до СДСМ: Им било дозволено непречено движење, патарините ќе се платат

Силјановска започнува консултации за нов состав на Комисијата за помилување

Бизнисменот Ристо Крмзов се брани: Жртва сум на локални моќници