Утрински Весник
Скопје

Бесплатни униформи за сите ученици во прва година од средните училишта

758964170 1024092630480704 497697538616234985 n.jpeg

За првпат, сите ученици во прва година од средните училишта во Скопје ќе добијат бесплатни униформи.

„Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ. Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици. За првпат, секој ученик запишан во прва година во средните училишта ќе добие бесплатна училишна униформа“, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Со оваа мерка, додава тој, ги намалуваме социјалните разлики, го олеснуваме финансискиот товар на семејствата и им овозможуваме на учениците целосно да се насочат кон она што е најважно – образованието, личниот развој и градењето на својата иднина.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост