Утрински Весник
Македонија

Бесконечна е глупоста на Владата, вели Мицкоски по најавите за увезување работници од странство за 200 евра плата

Мицкоски за евентуален влез на Алијанса во Влада: Ништо нема да се промени

Живееме во време кога имаме Влада на ДУИ поддржана од СДСМ која секојдневно се труди да го понижи граѓанинот на Македонија и свесни сме дека разочарувањето кај нашите соѓраѓани е огромно, не само кај Македонците туку и кај Албанците, Турците , Власите, Србите, Ромите, Бошњаците. Ова го порача лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на бизнис заедницата во Битола

dobivaj vesti na viber

На прашањето како го коментира тоа дека Владата најави дека за 200 евра ќе донесе работници од други држави кога кај нас луѓе и за 30 000 денари месечно не работат туку одат во странство и секој ден сме сведоци кога по најмалку 30 лица вадат бугарски државјанства и ја напуштаат државата, тој вели дека ваков тип на егзибиционизам е недозволен.

„Мислам дека е беспредметно да ја коментираме Владата, бидејќи од ден на ден потврдува дека само една работа е бесконечна кај неа, а тоа е за жал глупоста која секојдневно ја прави. Се што би коментирал повеќе од ова би било комплимент за оваа Влада на ДУИ поддржана од СДСМ.

Во врска со коментар за изградба на коридорите дека една од фирмите која што е вклучена во наздорот е велешка фирма која се занимава со производство на долна облека, Мицкоски посочи дека овој скандал има епски размери ,не само во обем на криминал од 22 милиони евра туку од лошиот пристап на владата да објасни како прави криминал на отворена сцена.

„Не очекувам дека Обвинителството ќе отвори случај, но ветувам дека следната влада на ВМРО-ДПМЕ сигурно ќе се позанимава со тендерот за супервизија и надзор . Ние сме тука и стоиме на располагање да се сузбијат криминалите.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да оди на предвремени парламентарни избори и без техничка влада.

Можете да прочитате

207 санкции за брзо возење

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара