Утрински Весник
Свет

Бербок: Русија ќе ги користи бегалците за да го подели Западот

Бербок: Русија ќе ги користи бегалците за да го подели Западот

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска предупреди дека Русија може да се обиде да го подели Западот користејќи бегалци и ја обвини Србија дека пропушта голем број мигранти без визи. Бербок, на Конгресот на Зелената партија, рече дека Русија се обидува да ја прошири „хибридната војна“.

dobivaj vesti na viber

„Оваа војна не се води само со оружје, туку и со енергија, за што најдовме одговор. Но, тоа се води и со ширење страв и предизвикување поделби, а тоа мора да го спречиме“ – рече таа.

Бербок посочи дека во таква ситуација е јасно што ќе се случува понатаму, а тоа се бегалците, но не оние од Украина. Бербок рече дека во оваа хибридна војна учествуваат и други земји.

Таа нагласи дека не смее да дојде до ситуација во која луѓето се користат како оружје и посочи дека Германија на таа тема води разговори со Чешка и Словачка.

На Конгресот на „Зелените“ во Бон истакна дека Германија со оружје и помага на Украина, бидејќи ги поддржува луѓето да си ги заштитат животите.

„Вината за оваа војна е само кај претседателот на Русија, Владимир Путин“ – нагласи таа.

Можете да прочитате

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети