Утрински Весник
Економија

Бензините и маслото за домаќинство поскапуваат

Benzin Gorivo 960x639 1.jpg

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Новата ценал на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 72,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 64,50 денари.

За 0,668 денари поевтинува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 32,133 денари.

Можете да прочитате

Битиќи: Македонија се движи кон автократски модел на владеење, се задушува слободата на говор

Цената на нафтата ќе порасне, но не така драматично како онаа на гасот, смета Андреевски

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите