Утрински Весник
Економија

ММФ: Србија се соочува со предизвици во енергетскиот сектор

Zname na srbija.jpg

Постојаниот претставник на Меѓународниот монетарен фонд во Србија, Лев Ратновски, оценува дека земјата се соочува со сериозни надворешни притисоци и проблеми во енергетскиот сектор. Сепак, според него, високите девизни резерви и нискиот јавен долг ѝ даваат на Србија доволен маневарски простор за спроведување реформи, пишува „Нова економија“. Тој посочува дека интересот на инвеститорите ослабнал во текот на минатата година, како резултат на политичката неизвесност во земјата, побавниот економски раст во Европската унија и санкциите кон Нафтената индустрија на Србија (НИС).

Според проценките, странските директни инвестиции во 2025 година би можеле да бидат значително пониски во однос на 2024. Ратновски додава дека економските изгледи се влошени, па наместо претходно најавуваниот раст од над четири проценти, за 2025 година се очекува раст од нешто повеќе од два проценти, а за 2026 над три проценти. Во меѓувреме, српскиот претседател Александар Вучиќ разговарал со раководството на унгарската компанија МОЛ за потенцијално преземање на НИС, објави РТС.

Теми на разговор биле и санкциите од американската OFAC, како и можен меѓудржавен договор меѓу Србија и Унгарија. Со специјална лиценца издадена на крајот на 2025 година, OFAC ѝ овозможи на НИС привремено да ги продолжи клучните оперативни активности до 23 јануари, вклучувајќи увоз на нафта и рестартирање на рафинериското производство. Претходно, рокот за преговори за продажба на рускиот удел беше продолжен до 24 март.

Можете да прочитате

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра