Утрински Весник
Спорт

Бензема со хет-трик и пресуди на Алмерија и влезе во историјата на Ла Лига

Бензема со хет-трик и пресуди на Алмерија и влезе во историјата на Ла Лига
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Реал Мадрид ја победи Алмерија со 4:2 во 32. коло, во Примера. Натпреварот на „Сантијаго Бренабеу“ го обележа Карим Бензема, кој се врати во тимот, откако поради повреда ги пропушти претходните два натпревари.
Бензема постигна три гола од 5. до 42. минута и влезе во историјата на Ла Лига. Ова беше трет хет-трик на францускиот напаѓач за Реал во последните осум натпревари.

dobivaj vesti na viber

Бензема со три постигнати гола стигна до 235 гола во шпанското првенство, односно до четврто место на вечната листа. Тој престига уште една легенда на Реал, Уго Санчез, кој се повлече со еден постигнат гол помалку.

Бензема игра за Реал од неговиот трансфер од Лион во 2009 година и има одиграно вкупно 642 натпревари за клубот. Во нив оствари учинок од 352 гола и 165 асистенции.

Листа на најдобри стрелци во Ла Лига:

1. Лионел Меси – 474 голови
2. Кристијано Роналдо – 311
3. Телмо Зара – 252
4. Карим Бензема – 235
5. Хуго Санчез – 234 …

Покрај Бензема, еден гол за Реал постигна Родриго, кој му асистираше капитенот за вториот гол. Головите за Амлерија ги постигнаа Лазаро и Робертоне.

Реал со натпревар повеќе е втор на табелата има осум бода помалку од Барселона. Алемерија се наоѓа на 15.место со 33 бода и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во лигата.

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место