Утрински Весник
Спорт

Бензема: Луѓето сешто пишуваат на интернет, но реалноста е малку поинаква

Бензема: Луѓето сешто пишуваат на интернет, но реалноста е малку поинаква

Францускиот напаѓач Карим Бензема е во фокусот на вниманието поради најавите за негово заминување од Реал Мадрид. Тој наводно ја прифатил понудата на Ал-Итихад вредна 400 милиони евра за две сезони и ќе се пресели во Саудиска Арабија, иако претходно постигна устмен договор со Флорентино Перез да остане уште една година во „кралскиот клуб“.

dobivaj vesti na viber

Бензема не се појавуваше во јавноста, сѐ до вечерашниот хенепинг на „Марка“ организиран во негова чест, со наслов „Карим Бензема – легенда на Реал Мадрид“.

Во големото интервју што шпанскиот медиум го направи во живо, Карим Бензема сепак не откри конкретно каков е неговиот план по завршувањето на сезоната.

„Имаме натпревар в недела, а јас сум фудбалер на Реал Мадрид. Тоа е клубот што максимално го почитувам. Тука дојдов како дете, а израснав, како што вие велите, во фудбалска легенда. После натпреварот, ќе седнеме со претседателот и ќе зборуваме за мојата иднина. Знам дека луѓето сешто пишуваат на интернет, тоа е така во денешниот свет. Но, во реалноста, работите се малку поинакви отколку на интернет“, изјави Карим Бензема.

Можете да прочитате

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Пораз на Денвер во Феникс – Дурент го запре Јокиќ