Утрински Весник
Спорт

Бензема и се налути на ФИФА поради Меси

Бензема и се налути на ФИФА поради Меси

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Карим Бензема, уште еднаш го изрази своето незадоволство од прогласувањето на најдобриот играч на светот за 2022 година, во изборот на ФИФА. Асот на Реал Мадрид смета дека наградата требало да му припадне нему, а не на Лионел Меси.

dobivaj vesti na viber

Бензема, кој има фантастична сезона во дресот на „кралскиот клуб“, е добитник на Златната топка на „Франс фудбал“ за 2022 година, а заедно со Меси и Мбапе беше еден од главните кандидати за престижната награда „The Best“, која ФИФА ја доделува врз основа на гласовите на селекторите и капитените на националните тимови .

Бензема не присуствуваше на свечената церемонија во Париз.

Ден подоцна, Бензема уште еднаш го изрази своето незадоволство објавувајќи серија стории. Прво, тој објави заедничка слика со Винисиус Жуниор со натпис „Ѕверови (The Beasts) “, и на тој начин си поигра со името на наградата која ја доделува ФИФА (The Best). Со ова тој алудираше на одлуката на ФИФА минатата година да не го стави бразилскиот напаѓач во тимот на сезоната.

Тој потоа сподели објава со која ги истакнува сите негови достигнувања во изминатата година.

Заедно со низата лични награди, меѓу кои Златната топка, титулата најдобар фудбалер во Европа, МВП на Лигата на шампионите, титулата најдобар играч на шпанското првенство, Бензема потсети и на тимските успеси. Ја освои Лигата на нации, Лигата на шампионите, Ла Лига, Светското клупско првенство… и постигна 63 гола и 21 асистенција.

После тоа објави фотографија на која позира со порака: „Добра ноќ“.

 

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари