Утрински Весник
Свет

Белоруската војска на готовс, Лукашенко започна проверка

Лукашенко: Белорусија не планира да војува со никого

Започна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија, соопшти Министерството за одбрана на Републиката.

dobivaj vesti na viber

„ Денеска, по наредба на шефот на државата, започна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија. Настанот е комплексен и овозможува утврдување на способноста на командантите да ги водат воените единици и поединците кога ќе се подигнат на највисоко ниво, степенот на борбена готовност, како и подготвеноста на воените единици за извршување на задачите во наведениот рок“, се наведува во соопштението.

За време на проверката на готовноста предвидено е движење на воена опрема, можно е привремено ограничување на движењето на цивилни возила по патиштата.

Можете да прочитате

Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва: Тој „може да дојде во Киев“

Израелска армија: Цивилите да се евакуираат од градот Газа кон југ

Трамп разгледува опции за напади насочени кон картели во Венецуела; Мадуро – Венецуела е подготвена за „вооружена борба“ доколку САД ја нападнат