Бебето што беше спасено по 128 часа под урнатините по силниот земјотрес во Турција на почетокот на февруари повторно си ја најде својата мајка по 54 дена.
Имено, три и полмесечно девојче, кое здравствените власти го нарекоа мистерија, на 11 февруари беше спасено од урнатините на уништената зграда во Хатај и веднаш хоспитализирано.
54 günlük hasret sona erdi.😊
Enkaz altından 128 saat sonra kurtulan, hemşirelerimizin Gizem Bebek ismini koyduğu Vetin Begdaş 54 gün sonra annesine kavuştu.
Vetin artık bizim de bebeğimiz.
Bakanlık olarak desteğimiz her zaman yanında olacak. pic.twitter.com/66sWKR53z3
— Derya Yanık (@deryayanikashb) April 3, 2023
Во саботата, 54 дена подоцна, министерот за семејство и социјала, Дерја Јаник, објави фотографии од емотивната средба на мајката и ќерката.
Се утврдило дека жената, која претходно била прогласена за мртва, била хоспитализирана во друга болница, но ДНК-тестот потврдил дека е во роднинска врска со бебето.
„По земјотресот, со своето семејство најдовме уште едно дете, кое беше под институционална заштита во Анкара. Ветин Бегдаш, на која акушерките ѝ го дадоа името Гизем, по 54 дена, се враќа со мајка си во Адана“, напиша Јаник.
Видеото од средбата меѓу мајката и ќерката стана вирално, а илјадници корисници на социјалните мрежи ја поздравија оваа одлична вест.