Утрински Весник
Свет

Белорусија соопшти дека борците на „Вагнер“ ги обучуваат нивните војници

Белорусија соопшти дека борците на „Вагнер“ ги обучуваат нивните војници

Борците од групата „Вагнер“ ги обучуваат силите за територијална одбрана во Белорусија, соопшти Министерството за одбрана на земјата. Обуката на силите се одвива во градот Осиповиќи, каде што има празен камп за членовите на групата „Вагнер“, а можеби и складиште за тактичко нуклеарно оружје, што Русија го распореди во Белорусија.

dobivaj vesti na viber

Регрутите ги совладуваат вештините за движење на бојното поле и тактичките напади, стекнуваат знаења за инженерска обука и тактичка медицина.

„Борците на „Вагнер“ се еден вид инструктори во голем број воени дисциплини“, соопшти Министерството на „Телеграм“, а пренесува „Скај њуз“.

Водачот на групата, Евгениј Пригожин, беше протеран во Белорусија откако во јуни беше запрен вооружениот бунт на неговите сили. Сепак, сè уште не е јасно дали тој сега е во Белорусија или Русија. Неговите борци добија опција да му се придружат, да се повлечат или да ѝ се приклучат на редовната руска армија.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат