Утрински Весник
Балкан

Белграѓанец подигнал 40.000 евра од пензијата на починатиот татко, го закопал и осум години не пријавил дека починал

O 1928804 1024 1.jpg

Давид Дробњак (53), кој е осомничен дека го закопал татко му Бранислав (79) под бетонска плоча во семејната куќа во Земун откако починал во 2016 година, ќе одговара за кривично дело измама Тој осум години не ја пријавил смртта на својот татко и за тоа време ја примил пензијата во вкупна вредност од околу 40.000 евра. Видот на измама за кој е осомничен Дробњак е казнив со затвор од две до десет години.

Дробњак сам се пријавил пред два дена и признал дека го погребал починатиот татко, а потоа објаснил дека тоа го направил за да ја добие пензијата.

– Осомничениот дошол во обвинителството во придружба на двајца адвокати, како што рече, поради грижа на совест за да пријави дека во 2016 година сам го закопал татко му во куќата. Тој изјавил и дека татко му починал од природна смрт и дека тоа не го пријавил никому за да може што подолго да ја добива пензијата. Тој ја подигал пензијата на татко му од 2016 година до мај годинава врз основа на овластувањата што ги имал претходно. Тој изјавил дека собрал вкупно околу 40.000 евра – велат од Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Во доменот на својата надлежност, ова обвинителство, како што ни беше кажано, ќе ги прибира сите потребни информации во врска со извршувањето на кривичното дело измама.

Во истрагата за овој случај е вклучено и Вишото јавно обвинителство во Белград, кое ги утврдува сите факти поврзани со смртта на таткото на осомничениот и што се случило потоа.

Според неофицијални информации, човечки останки биле пронајдени во земјата во внатрешноста на куќата, под бетонската плоча. Во истрагата присуствувала и противпожарната единица која била повикана да ја скрши споменатата плоча. Според информациите од истрагата, осомничениот не секогаш се викал Давид. Тој наводно го сменил името откако се вратил во Србија од странство каде издржувал затворска казна, а кога некои соседи го прашале каде е татко му, тој одговорил дека е дома.

Можете да прочитате

Албанија: Усвоена новата изборна реформа, малцинствата не добија загарантирани места во Парламентот

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата 

По Македонија и БиХ и Грција ја стресе земјотрес