Утрински Весник
Магазин

Бела Торн одби да се потпише на разголена фотографија

Бела Торн одби да се потпише на разголена фотографија

Бела Торн откри дека одбила да го стави својот потпис врз фотографија на која е разголена.

dobivaj vesti na viber

25-годишната актерка порано учествувала во фотосесија за магазинот „Џеј Кју“ каде позирала топлес, но кога еден човек ја запрел на улица и побарал да потпише примерок од списанието надевајќи дека ќе го продаде, таа одбила бидејќи сметала дека е неприкладно.

„Често давам автограми. Но, вчера некому му кажав не. Нормално не одбивам, но ме навредија,“ рече таа во интервју за „Холивуд репортер“.

„Ме пресретна човек и почна да ми покажува фотографии, го свртев погледот за секунда и пред мене се најде фотографија од мене на насловна страница на списанието GQ.“

„Тоа беше супер секси, бев во долна облека, мојот задник речиси откриен, а горе топлес. Реков дека нема да го потпишам тоа, и тој повторно ја врати пред мене. Реков: не, јас нема да го потпишам тоа. Тој извади уште една фотографија од списание со уште еден секси изглед. Ми рече: ајде, Бела, потпиши се за мене!“

„Сето ова не ми се допадна. Беше неприкладно.“

Можете да прочитате

Хали Бери ја изгуби судската битка по обвинувања дека го давела својот син, момчето ќе живее со татко му

Брајан Адамс со песна го критикува претседателот Трамп поради преименување на езерото Онтарио

Платиле за тригодишно крстарење – сега треба да си заминат поради цените на горивото