Утрински Весник
Магазин

Бела Хадид се враќа на модната сцена

Бела Хадид се враќа на модната сцена

Супермоделот Бела Хадид се враќа на работа по петмесечна пауза поврзана со нејзината долгогодишната битка со Лајмската болест. Минатиот месец таа откри дека зела слободни денови затоа што ѝ се влошила состојбата со болеста, и дека секој ден прима нови третмани.

dobivaj vesti na viber

„Прв ден на снимање по пет месеци”, напиша 26-годишната манекенка во објава на „Тик-ток“ каде сподели снимки од зад сцената.

Бела, која ги информира фановите за своите здравствени проблеми, изгледа свежо и одморено додека позира на столот за шминкање.

Објавата предизвика позитивни коментари со поддршка од нејзините фанови. Многумина напишаа дека им е драго што се чувствува подобро. Повеќето коментари беа дека таа изгледа преубаво и посилно од било кога.

Медиумите потсетуваат дека Хадид направи пауза од кариерата и се повлече од социјалните мрежи за да започне со поинтезивно лекување со надеж дека ќе ги стави под контрола симптомите на хроничната болест.

Таа неодамна сподели фотографии со документирани здравствени проблеми кои ја мачеа со години наназад, дури и додека беше една од најбараните манекенки во светот.

Откако била прегледана во 2013 година кога имала 17 години, лекарот навел долг список симптоми кои таа ги доживува, вклучувајќи замор, нарушување на вниманието, проблеми со меморијата (нарушување на паметењето), главоболки, нерамнотежа, ПМС, хронична болка во градите и нарушувања на спиењето.

Претходно, таа откри дека 15-годишната битка со исцрпувачката болест се исплатела бидејќи имала можност да шири љубов.

Лајмската болест е предизвикана од бактериска инфекција. Според центрите за контрола и превенција на болести, се пренесува на луѓе преку убод од заразени црни крлежи.

Во 2019 година, супермоделот Бела беше прогласена за најубава жена на светот. Естетскиот хирург Џулијан Де Силва спровел истражување кое покажало дека лицето на Бела е максимално блиску до т.н. „златен пресек“ на убавината.

Таа има најблизок до идеалниот сооднос според математичката равенка позната како Beauty Phi, развиена уште во древна Грција. Де Силва ги пресметува пропорциите на лицата на славни личности според научна формула со мерење на обликот и позицијата на усните, носот, брадата, челото и вилицата.

Бела Хадид фотографирана на 75. филмски фестивал во Кан, мај 2022 година

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста