Утрински Весник
Економија

Бектеши: Од 1 декември очекувам пониски цени на лебот и млекото од 5 до 12 отсто

Бектеши: Од 1 декември очекувам пониски цени на лебот и млекото од 5 до 12 отсто
Ss2

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дополнително намалување од 5 до 12 отсто на цените на основните прехранбени производи по средбата со компаниите за производство на храна, кои ги информира за новиот Закон за потрошувачите.

dobivaj vesti na viber

„Се разговараше за најактуелната тема за цените на основните производи. Дојдовме до констатација дека почнал трендот на намалување на цените на млекото и лебот. Во согласност со сите калкулации, во делот на суровините ќе има дополнително намалување во следните денови имајќи предвид дека ‘ЕСМ продажба’ ги заклучува договорите со овие потрошувачи. Како министерство ги информиравме производителите дека правиме анализи за дополнителни мерки, кои треба да се донесат за следната година. Јас бев многу транспарентен пред нив. Им реков дека целиот товар го пренесовме врз маркетите и потрошувачите за да ги заштитиме производителите и да ги сочуваме работните места“, рече Бектеши.

Ss1

Тој смета дека по склучувањето на договорите со ЕСМ за поевтина струја, компаниите дополнително ќе ги намалат цените за крајните потрошувачи, а голема промена се очекува во првата недела од декември.

„Затоа што се повикуваа на цената на струјата, очекувам од 1 декември да има дополнително намалување на цените од 5 до 12 % во првата недела на декември, а ако нема намалување тогаш, ќе ги донесеме новите мерки, кои произлегуваат од Законот за трговија за ограничување на маржите“, додаде тој.

Орце Костов

Ss1

Можете да прочитате

32 години од воведувањето на денарот

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 евра за отворање на е-продавница