Утрински Весник
Македонија

Бектеши: Ние вакви настани во последните седум години речиси немавме во нашата држава

Bektesi Poseta Na Alma M 9 Bg.jpg

Поранешниот министер Крешник Бектеши од Демократската унија за интеграција (ДУИ) на денешната прес-конференција истакна дека ги осудува индивидуалните акти што вчера ги направија одредени граѓани со палењето на македонското знаме на чествувањето на Денот на албанското знаме.

– Во делот на индивидуалните акти секако дека се за осуда за сите страни кои се вклучени, а треба и да бидеме искрени јавно да ги кажуваме одредени работи во овој дел. Индивидуалните акти ги осудуваме и сакаме да дадеме позитивни пораки за зацврстување на меѓуетничките односи и заемно почитување на сите етнички припадници во нашата држава. Ние вакви настани во последните седум-десет години речиси немавме во нашата држава, а за жал во последните неколку месеци се почесто се случуваат вакви настани, а тоа јас како Крешник Бектеши можам да го кажам дека се однесува на пораките што ги даваат одредени политичари, рече тој.

Според него најодговорна за ваквите случувања е Владата. Тој нагласи дека пред да се случат овие настани имало забрана од Министерството за внатрешни работи граѓаните да чествуваат на одредени плоштади во државата, што, како што рече не е случај ниту во европските држави, ниту во САД. Додаде дека имало реакција од негова страна преку социјалните мрежи и од страна на организацискиот секретар Блерим Беџети.

На граѓаните кои славеа за Денот на албанското знаме им беше забрането да слават во плоштадот во Скопје и во Куманово, што е спротивно на се што може една држава да направи за своите граѓани.

Тој нагласи дека взаемно треба да се осудуваат ваквите настанит, а не, како што рече, само на одредена етничка заедница.

-Но взаемно треба да ги осудуваме, и актите што ги прави одредена заедница и другата етничка заедница. Заради тоа што имаше акти не само од албанската етничка заедница и веќе се објавени сите видеа по социјалните мрежи. Меѓуетничките односи се од круцијално значење во нашата држава и ДУИ во континуитет повторува и ги повикува сите чинители, посебно политичките чинители да даваат позитивни пораки во делот меѓуетничките односи во нашата држава.

„А зошто зачестуваат вакви настани кога во последните 7-10 години не сме имале такви настани. Сме имале стабилни меѓуетнички односи во нашата држава“, рече тој.

Можете да прочитате

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити