Утрински Весник
Бизнис

Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата: Со инвестиции во нови лабаратории и технологии до подобар квалитет

Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата: Со инвестиции во нови лабаратории и технологии до подобар квалитет

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се обрати на настан по повод одбележување на Светскиот ден на метрологијата 20 мај, кој го организираше Бирото за метрологија.

dobivaj vesti na viber

„Во 2019 година беше набавена мобилната лабараторија за тестирање на квалитетот на горивата која беше акредитрана на почетокот на 2020 година. Акредитирана е за 16 методи за тестирање на бензин и дизел. Од акредитацијата, па се до денес, Државниот пазарен инспекторат константно ја користи оваа лабораторија при контрола на домашниот пазар на течни горива. И во најкус можен рок, на лице место се добиваат резултати од тестирањето на квалитетот на нафтата и нафтените деривати, што е од круцијално значење при вршење на увоз и надзор на домашниот пазар. Поради неможноста на Државниот пазарен инспекторат да го контролира квалитетот на увезениот мазут во земјава, откако беше утврдено дека неквалитетен и опасен мазут се увезува во земјава, во 2021 година Владата го задолжи Бирото за метрологија да набави опрема за испитување на квалитетот на мазутот. Опремата беше набавена и акредитирана во рок од три месеци со седум мерни инструменти за тестирање на повеќе од 10 параметри на мазутот, а согласно сите барања на стандардот МКС Б.Х2.430, за тестирање на квалитетот на мазутот и маслата за горење“ кажа министерот.

Бектеши кажа дека паралелно со развојот на гасоводните мрежи, се јави и потребата за испитување и верификација на гасомери и електронски коректори на зафатнина на гас.

„Поради фактот што во Република Северна Македонија не постои лабораторија за испитување и верификација на гасомерите и електронските коректори на зафатнина на гас, Бирото за метрологија, направи напори за формирање на лабораторија за оцена на сообразност и верификација на наведените типови на мерила. Имено, заради непостоење на ваква лабораторија за испитување и верификација на гасомерите и електронските коректори на зафатнина на гас, сите мерни инструменти (гасомери) се верификуваа надвор од Република Северна Македонија во соодветни опремени и акредитирани лаборатории. Овие денови, мерната опрема за верификација на гасомери се поставува во лабораторискиот центар на Бирото за метрологија и истата во целост ќе ги исполнува барањата на европските стандарди за оцена на сообразност и верификација на гасомери“ кажа министерот.

Можете да прочитате

Бектеши: Објавени јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита